Медиуми: Разузнавањето на САД го смета РИСИ виновен за хакерските напади

Повеќе чиновници на САД под услови за анонимност изјавија за агенцијата „Ројтерс“ дека со организација на руското влијание врз американските избори е наводно виновен Рускиот институт за стратешки истражувања (РИСИ) чија работа е надгледувана од страна на руските власти.

Американските претставници се повикуваат на два „документа“ на американското разузнавање. Според тие документи, Русија наводно „активно интервенирала“ во изборите во САД. Еден од изворите тврди дека плановите да се хакираат изборите „од самиот почеток ги смислил“  претседателот на Русија Владимир Путин, кој се обратил до РИСИ за развој на соодветен план, пишува „Ројтерс“.

Исто така функционерите тврдат дека во документите имало инструкции да се користат социјалните мрежи и медиумите за формирање меѓу Американците на помек однос спрема Русија во споредба со времето на Барак Обама.

Во вториот „документ“, според зборовите на изворите, се работело за лидерството на Хилари Клинтон на изборите и за потребата од премин кон изјави за нарушувања на изборите за да се поткопа легитимитетот на идниот претседател.

Изворите изјавуваат дека документите наводно циркулирале во највисоките кругови на руската власт и дека токму поседувањето на овие докази станало за Обама решавачки фактор за изјавите за рускиот напад врз американските избори.

Рускиот институт за стратешки истражувања ги смета таквите написи за инсинуација, потенцираше заменик-директорот на РИСИ Тамара Гузенкова.

„Очигледно, американските кругови сакаат или, во крајна мера, се заинтересирани да ја продолжат целата таа приказна со разјаснување на степенот на „влијание на Русија врз претседателските избори“, изјави таа.

„Еден определен момент таа тема беше исцрпена. Изгледа бараат нови изговори и приказни. Ова е еден од обидите, потенцира Гузенкова, пренесува „Взгљад“

И Кремљ го коментираше написот на „Ројтерс“.

„За ова, за жал, ништо не знам. Можам само да кажам дека седум анонимни извори не вредат ниту за еден реален“, коментираше од своја страна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Бидејќи се повикуваат на седум анонимни извори, така и треба да сфати таа информација“, додаде Песков, пренесува „Интерфакс“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.