Путин му ги честиташе на Ердоган резултатите од референдумот

Рускиот лидер му го честиташе исходот од референдумот на својот турски колега, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Претседателот на Русија Владимир Путин му ги честиташе на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган резултатите од гласањето на референдумот за премин на претседателски систем на управување, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.

Претходно во вторникот Песков не најави разговор меѓу Путин и Ердоган за резултатите од референдумот.

Во понеделникот Ердоган доби честитки за резултатите од референдумот од претседателот на САД Доналд Трамп.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња