Кремљ го коментираше исходот од референдумот во Турција

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков смета дека одржаниот референдум во Турција е суверена работа на турската држава.

Референдумот за измени на уставот на Турција е суверена работа на земјата и сите треба со почит да се однесуваат спрема изразената волја на турскиот народ, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Референдумот во Турција за премин од парламентарен кон претседателски систем на управување заврши со незначителна победа на приврзаниците на промената. Според првичните резултати, од обработени 99,97% гласачки ливчиња, за промена гласале  51,4% од гласачите. Официјалните резултати ќе бидат објавени 11-12 дена по разгледувањето на жалбите. Опозицијата соопшти дека имало прекршоци при одржувањето на референдумот, критикувајќи ја одлуката на избирачката комисија да ги уважи гласачките ливчиња и ковертите без печати.

„Изминатиот референдум е суверена работа на Турската Република. Ние сметаме дека сите треба со почит да се однесуваат кон изразената волја на турскиот народ“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња