Амбасадор на РФ: Односите со Велика Британија никогаш не биле толку лоши

Амбасадорот на Руската Федерација во Лондон Александар Јаковенко ја осудува британската влада затоа што испрати во Естонија 800 војници, што ја „зголемува затегнатоста на ситуацијата во Европа“.

Амбасадорот на Русија во Велика Британија Александар Јаковенко го обвини Лондон за непријателски однос спрема Русија и изјави дека односите меѓу двете земји „никогаш не биле толку лоши“, пишува „Дејли Меил“. Според британскиот весник,  Јаковенко додава дека повеќе не постојат „содржајни билатерални односи”, како и дека потезите на Велика Британија во последно време се „провокативни” и „отворено бесмислени”.

Јаковенко ја осудува британската влада затоа што испрати во Естонија 800 војници, што ја „зголемува затегнатоста на ситуацијата во Европа“.

Рускиот амбасадор ги обвинува британските министри дека имаат непријателски став и изјави дека односите меѓу двете земји „многу се влошија“. „Забелешките на Јаковенко, дадени со песимистички тон, длабоко ќе се одразат врз официјалните лица на Велика Британија“, пишува „Дејли Меил“.

Дипломатски извори од Велика Британија тврдат дека е можно значително подобрување на односите ако Русија покаже дека „сака да работи на постигнување на меѓународните цели и мир во Сирија“.

Овие коментари рускиот амбасадор ги даде во контекст на зголемениот страв дека светот се наоѓа на работ на нуклеарен конфликт поради остриот став на претседателот на САД Доналд Трамп и Велика Британија спрема нивните противници, пренесува RT

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња