Советник на Трамп: Русија во Европа врши „субверзивна активност“

Херберт Мекмастер, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Москва го поддржува „крвавиот режим“ на Башар Асад и дека кризата која тој ја предизвика веќе се префрлила во европските земји.

Русија врши во Европа „субверзивна активност“ и затоа со неа треба да се води цврст дијалог, изјави советникот на претседателот на САД за национална безбедност Херберт Мекмастер во неделата во интервју за телевизијата Еј-Би-Си.

„Русија го поддржува крвавиот режим во Сирија, кој доведе до граѓанска војна и вител на насилство кои, паралелно со жестоките дејствија на „Исламската држава“ му донесоа страдања на толку голем број на луѓе, ја испровоцираа кризата во Сирија која се префрли во Ирак и, се разбира, соседните земји и Европа“, изјави генерал-потполковник Мекмастер.

Според него, во моментов односите меѓу САД и Русија се наоѓаат „на најниската точка“ и полоши не можат да бидат. Мекмастер смета дека е дојдено време за „цврсти дискусии“ со Москва и дека државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ќе се справи со тоа како никој друг, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња