Борис Џонсон ѝ нуди на Русија да се придружи на западната коалиција

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон ѝ предложи на Русија да ѝ се придружи на западната коалицијата за борба против терористичката група „Исламска држава“, пишува британски „Телеграф“.

Според зборовите на Џонсон, Русија би можела да ѝ се „придружи на коалицијата од повеќе од 60 земји за борба со ИД за да ги зачува своите стратешки интереси во Сирија со перспектива за попродуктивни односи со претседателот на САД Доналд Трамп“.

Тој додаде дека „Русија треба да придонесува за реалниот прекин на огнот за да се запре примената на хемиското оружје и да се постигне политичко решение“.

Претходно Џонсон и министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Еро повикаа да се најдат и казнат организаторите на нападот со хемиско оружје кој наводно се случи во сириски Идлиб, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња