Трамп: Тилерсон заврши „прекрасна работа“ во Москва

Претседателот на САД Доналд Трамп високо ја оцени работата на државниот секретар Рекс Тилерсон на преговорите на Г-7 и во Москва.

Според зборовите на американскиот лидер, дипломатот го промовирал „зајакнувањето на единството на НАТО“ и „безбедносните интереси н САД и сојузниците.

„Сакам да ја истакнам прекрасната работа што ја заврши државниот секретар Рекс Тилерсон за зајакнување на единството на НАТО, како и неговата посета на Москва за промовирање на интересите на безбедноста на САД и нашите сојузници“, изјави Трамп по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Тој заврши огромна работа, само што видов дел од неа – тоа е огромна работа!“, додаде американскиот претседател.

Според Трамп, преговорите на Тилерсон поминале успешно, меѓутоа важно е да се почека конкретниот резултат.

„Наскоро ќе поразговарам со државниот секретар Тилерсон. Мислам дека имаше успешна средба во Русија, ќе видиме какви ќе бидат резултатите, важни се токму резултатите, а не само разговорот“, истакна Трамп.

Тој потенцираше дека односите меѓу Вашингтон и Москва се наоѓаат „можеби на најниското ниво во историјата“, сепак изрази надеж за подобрување на ситацијата.

„Русија е силна земја, ние сме многу силна земја, ќе видиме како сето тоа ќе испадне“, додаде Трамп, пренесува РИА „Новости“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.