Тилерсон: Зошто САД треба да бидат загрижени за Украина

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Г-7 побарал да му биде објаснето зошто Американците треба да бидат загрижени за ситуацијата во Украина.

Според зборовите на министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Еро, Тилерсон ги прашал колегите зошто американските даночни обврзници треба да ги интересира украинското прашање.

„Тоа е во интерес на американските даночни обврзници – да имаат заштитена, политички и економски силна Европа. Не сакате слаба Европа, разбиена на делови“, му одговорил Еро.

Претходно беше соопштено дека Тилерсон во телефонски разговор го уверил претседателот на Украина Петро Порошенко дека Вашингтон го поддржува територијалниот интегритет на украинската држава, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња