Песков раскажа што ги попречува добрите односи со Украина

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека за брзо нормализирање на односите меѓу Русија и Украина пречат „емоционалната тензија“ и „идеолошкото замајување“.

„Се разбира, Украина е исклучително важна за нас, таа е важна за нас и на планот на меѓудржавните односи, таа е важна за нас и на економски план, важна е и на хуманитарен план. Знаете дека има и мешани семејства, и роднински односи, и така натаму, и така натаму“, го цитира Песков телевизијата РБК.

Тој истакна дека во Русија „никакви предрасуди спрема Украинците немало и нема“.

„Штом емоционалната тензија и последиците од идеолошкото замајување ќе опаднат во Украина, во најразлични региони на Украина, кога Украинците ќе можат со трезвен поглед мирно да го погледнат она што се случи, кога ќе почнат да размислуваат дека тие спокојно може да ја погледнат нивната неодамнешна историја, мислам дека тогаш ќе има повеќе разбирање“, потенцираше портпаролот на рускиот претседател.

Претходно рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин го нарече  кочница министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин за неговата изјава дека Украина ќе им ја врати слободата на жителите на Крим, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња