Медиуми: Тилерсон и Џонсон имаат план за дејство против Русија

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон ја откажа посетата на Москва по разговорите со државниот секретар на САД Рекс Тилерсоном во текот на кои дискутирале како Западот треба да дејствува против Русија по американскиот напад врз Сирија, пишуваат британските медиуми.

Џонсон разговарал за овој потег со својот американски колега вчеравечер, откако ја видоа реакцијата во светот за воздухопловната база Шајрат, пренесува „Индепендент“.

Претставниците на САД и на Велика Британија се договориле дека додека Тилерсон замине на преговори во Москва, Џонсон да разговара со колегите од другите земји од Г-7, трудејќи се да ги убеди да изработат определени мерки против Русија и Сирија под изговор за нападот со хемиско оружје.

Според информациите на изворите на весникот, Тилерсон и Џонсон имаат намера да добијат оставка од Асад и повлекување на руската војска од Сирија.

Изворите на изданието соопштуваат дека нападот врз Сирија бил извршен заради создавање полуги на притисок на преговорите со Москва за Сирија. Експерт на „Индепендент“, поранешниот командант на британската армија Ричард Данат изјави дека нападот со „Томахавките“ треба „да ја поттурне Русија на мировни преговори за Сирија“.

„Тоа всушност покажува дека во светот најсилната земја и економски најуспешната земја во светот е подготвена да го преземе лидерството. Свилената ракавица треба да има железна тупаница внатре“, изјави Данат, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња