Русија го суспендира меморандумот потпишан со САД за Сирија

Русија ја суспендира важноста на склучениот со Вашингтон меморандум за избегнување инциденти со САД во Сирија по ракетниот напад на САД врз воена база во Сирија.

„Руската страна ја суспендира важноста на Меморандумот за спречување на инциденти и обезбедување на безбедноста на летовите на авијацијата во текот на операциите во Сирија, склучен со САД“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Претходно рускиот дипломатски ресор исто така истакна дека воената акција на САД во Сирија претставува обид за одвлекување на вниманието од ситуацијата во Мосул, пренесува RT.

Рано утрото на 7 април САД извршија ракетни напади врз воена база во Сирија. Американската војска истрела повеќе од 50 ракети „Томахавк“.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња