Лавров одговори на шегата на Тилерсон

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ја коментираше шегата на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон за тоа дека со рускиот министер не може „да игра танго“.

„И мене мама ми бранеше да танцувам со момчиња“, одговори на тоа Лавров, пренесува РИА„Новости“.

Лавров подоцна додаде дека слушнал за таков „разговор“ во рамките на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО.

„Доколку е точно, доколку Рекс Тилерсон чувствува дека сѐ уште не може да танцува со сите, ние сме подготвени да помогнеме. Човекот е многу опитен, сигурен сум дека брзо ќе научи“, изјави шефот на руската дипломатија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња