Медиум: Тилерсон објасни зошто не може да „игра танго со Лавров“

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон за време на ручекот со министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел се пошегува по повод шефот на руската дипломатија изјавувајќи дека со рускиот министер не може „да игра танго“ затоа што на Лавров „не му е дозволено да танцува“.

Како што се вели во статијата на „Политико“, Тилерсон добил аплаузи за својот одговор на забелешката на еден од министрите кој, зборувајќи за односите со Русија, изјави дека „за танго се потребни двајца“.

„Се разбира, можете да танцувате со Русија и дури и можете да добиете нешто од тоа. Но дефинитивно не можете да играте танго со Лавров, затоа што не му е дозволено да го игра тој танц“, го цитира изданието одговорот на државниот секретар на САД.

Според зборовите на дипломатите, на тој начин Тилерсон алудирал дека во Русија со сѐ раководи еден човек, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња