Вучиќ ветува дека ќе ги задржи добрите односи со Русија

Новоизбраниот претседател на Србија Александар Вучиќ вети дека ќе ги задржи добрите односи со Русија.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ, кој победи на изборите за претседател на државата, вети дека ќе го продолжи курсот кон европска интеграција, задржувајќи ги притоа добрите односи со Русија.

Вучиќ исто така истакна дека има намера да ги одржува и развива пријателските односи со Кина.

Тој им се заблагодари на канцеларката на Германија Ангела Меркел и на претседателот на Русија Владимир Путин за средбите со него пред изборите, пренесува „Взгљад“.

Претходно Вучиќ се сретна со претседателот на Русија Владимир Путин во Москва, со кого разговараше за развојот на односите меѓу двете земји.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња