Путин изрази увереност во позитивниот развој на односите со Србија

Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше денеска со премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Претседателот на Русија Владимир Путин се надева дека односите меѓу Русија и Србија ќе се развиваат позитивно, пренесува „Газета.ру“.

„Уверени сме дека изборите кои се случуваат во денешни услови, во денешна Србија ќе бидат одржани на највисоко ниво. Ѝ посакуваме успех на актулената власт“, изјави шефот на руската држава на средбата со премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Путин истакна дека нема сомневање дека односите меѓу земјите ќе се развиваат исто така позитивно, во духот на пријателство, карактеристично за овие односи последниве години.

Претседателот на Русија исто така го истакна растот на испораките на земјоделски производи од Србија – „околу 40%“.

Путин истакна дека сака да ја разгледа со Вучиќ ситуацијата во регионот, затоа што, „како што ни изгледа, според некои надворешни знаци, гледаме дури и некакво заострување, за кое би сакал да поразговарам со Вас“.

Вучиќ им се заблагодари на Путин и на Русија за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, соопшти официјален Кремљ.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња