Стејт департмент: одлуката за санкции ја донесе администрацијата на Обама

Последните антируски санкции се одлука на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, изјавија од Стејт департментот.

Одлуката за воведување нови санкции против руски претпријатија беше донесена последните денови од претседателствувањето на поранешниот шеф на САД Барак Обама, изјави за РИА „Новости“ претставник на Стејт департментот.

„Одлуката да се наметнат санкции против оваа група на лица и компании беше донесена од Стејт департментот на 17 јануари 2017 година... и потоа проверена од новата администрација пред да биде поднесена во Конгресот“, изјави соговорникот на агенцијата.

Доналд Трамп стапи на должноста претседател на 20 јануари.

На 21 март САД воведоа санкции против осум компании од Русија во врска со американскиот закон за неширење на оружје за масовно уништување кој се однесува на Сирија, Иран и Северна Кореја. За што точно се обвинети руските компании, Стејт департментот не наведе. „Рособоронекспорт“, една од компаниите под санкции, истакна дека корпорацијата одамна работи под санкции кои станаа импулс за развој на технологии и излез на нови пазари.

МНР на Русија изјави дека новите ограничувања не се совпаѓаат со изјавите на Вашингтон за приоритетноста на борбата против тероризмот и ги поткопуваат перспективите за соработка за уништување на „Исламската држава“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња