Русија разочарана од новите американски санкции

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјави дека одлуката на САД да воведат санкции против низа руски организации предизвика збунетост и разочараност.

Захарова истакна дека никакви сериозни проблеми за Русија нема да донесат новите ограничувања, меѓутоа тие сепак ги поткопуваат перспективите за воспоставување меѓународна соработка за уништување на терористичката организација „Исламска држава“, пренесува „Комерсант“.

 

„Наведениот чекор апсолутно не се совпаѓа со изјавите што се слушаат од Вашингтон за приоритетноста на борбата против тероризмот, вклучително и оној кој сви гнездо на сириска територија. Напротив, во целост противречи на таквата ситуација, ги поткопува перспективите за воспоставување на широка сестрана соработка со цел пораз на ИДИЛ и останатите терористички групи кои им се закануваат на сите земји, вклучително и на САД“, се вели во коментарот, објавен на страницата на рускиот дипломатски ресор на „Фејсбук“.

Вчера владата на САД донесе одлука за воведување санкции против осум руски организации, обвинувајќи ги за прекршување на националното законодавство на земјата за неширење на оружје за масовно уништување во Иран, Северна Кореја и Сирија од 2009 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња