Медиум: ЛУКОИЛ може да продаде третина од своите бензински пумпи во Русија

Компанијата „Лукоил“ може да продаде приближно една третина од мрежата на бензински пумпи во Русија.

Ова го соопшти за „Интерфакс“ извор во компанијата. Според него, тоа може да биде поврзано со неповолната економска ситуација.

„Сериозно ја разгледуваме можноста за продажба до една третина од бензинските пумпи до крајот на годината“, изјави изворот.

Тој прецизираше дека продажбата на активата се планира во три етапи. Во моментов компанијата ги проучува за продажба бензинските пумпи во неколку области во Русија. Тој исто така истакна дека е можна продажба на неколку бензински пумпи во Московската област.

Прес-службата на компанијата не ја коментираше оваа информација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња