ЕУ се плаши од пораст на влијанието на Русија во Србија

Германски политичар смета дека е можно на Балканот повторно да еруптираат конфликти.

Зајакнувањето на влијанието на Русија во Србија е причина за сериозна загриженост, изјави во интервју за „Ди Велт“ германскиот политичар Дејвид Мекалистер, претседател на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент.

„Москва се обидува да изврши огромно влијание врз медиумите, некои политичари, како и врз граѓанското општество во Србија“, тврди политичарот, додавајќи дека Брисел чувствува „сериозна загриженост“.

Во исто време, во Србија гледаат на Русија како на најголем сојузник, се жали Мекалистер. За ЕУ тоа може да значи само дека вклученоста на унијата во српската политика и во животот на српското општество треба да се зголемува, потенцира тој.

Пред две недели во Белград беше шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која лично беше сведок на проруското располежение во Србија, истакнува „Ди Велт“.

Мекалистер истакнува дека „напрегнатоста врие“ во многу земји од Западниот Балкан.

„Балканот е регион со зголемена опасност од експлозија, во кој во најскоро време како резултат на неодговорното однесување може одново да еруптираат конфликти кои одамна се сметаат за решени“, објасни Мекалистер, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња