Фијон: Русите се таков народ, не веднат глава пред санкции

Неопходно е „колку што е можно побрзо“ да се укинат антируските санкции, изјави во интервју за германскиот весник „Вестдојче Алгемајне Цајтунг“ кандидатот за претседател на Франција Франсоа Фијон. Русија нема да прави отстапки, зашто Русите се „народ, кој нема да ја наведне главата поради економски санкции“, потенцира францускиот политичар.

Западните санкции против Русија треба „што е можно поскоро“ да се укинат, изјави за „Вестдојче Алгемајне Цајтунг кандидатот за претседател на Франција Франсоа Фијон. Тоа треба да се направи „дури и ако нашите германски пријатели гледаат на тоа поинаку“, додава поранешниот француски премиер.

„Курсот кон конфронтација може да доведе единствено до катастрофа“, констатира Фијон. „Русите нема да прават отстапки. Тоа е народ кој нема да ја наведне главата поради економски санкции. Јас не тврдам дека Русите не правеа грешки. Јас сум велам дека ние употребивме погрешен метод“.

Францускиот политичар, исто така, истакнува дека за оние кои бараат враќање на Крим на Украина тоа е „пуста желба“. „Русија никогаш нема да го врати Крим“, потенцира кандидатот за претседател на Франција. „Три четвртини од населението на Крим се Руси. Ситуацијата пак на истокот на Украина е сосема поинаква. Секој кој што ја познава историјата на Крим, разбира дека таквата споредбата е неумесна“, изјави Фијон, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња