Франсоа Фијон повика да се укинат антируските санкции

Кандидатот за претседател на Франција Франсоа Фијон има план во кој се предвидува барање за укинување на санкциите против Русија.

Кандидатот за претседател на Франција и поранешен премиер на земјата Франсоа Фијон се заложи за укинување на антируските економски санкции, соопштува „Либерасион“.

Поранешниот француски премиер го посети саемот за производство на земјоделски машини „СИМА“ (Salon International de la Machine Agricole) и разговараше со производителите за прашања, поврзани со аграрниот сектор. „Франција треба да ги укине санкциите против Русија кои гои опустошуваат француските и европските фармери“, изјави тој.

Во коминикето, објавено на сајтот на Фијон, се вели дека кандидатот за претседател на Франција неделава ќе има средби со претставници на земјоделската гранка на земјата. Во текот на средбите тој ќе ги изложи точките на својот план за зајакнување на земјоделскиот сектор во земјата.

Во планот има точка за „барање на Франција за укинување на санкциите против РФ, кои ги истоштуваат француските и европските земјоделци“.

Франсоа Фијон, според анкетите, е еден од лидерите во предизборната трка во Франција, паралелно со лидерот на партијата „Национален фронт“ Марин Ле Пен и поранешниот министер за економија Емануел Макрон. Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга: на 23 април и 7 мај 2017 година, пишува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња