Климкин: Кремљ сака да го обнови СССР

Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин во својата статија за британски „Гардијан“ ги обвини руските власти дека сакаат да го оживеат Советскиот Сојуз.

Според зборовите на шефот на украинската дипломатија, Западот не треба да ѝ верува на Русија, а оживувањето на СССР и создавањето „нова Руска империја“ се „опсесија“ на Кремљ.

„На Русија не смее да ѝ се верува. Владата на Украина е принципиелно поинаква, но ние го разбираме начинот на размислување на раководството на Кремљ: со Русија, како што ќе ви каже секој дипломат кој си има работа со Москва, може да се разговара само од позиција на сила“, пишува украинскиот дипломат.

Тој потенцира дека Русија во моментов претставува „најголема закана“ за безбедноста на Западот од 1945 година.

„Не може да стане збор за укинување на санкциите, (...) и тие санкции ѝ штетат на Русија повеќе отколку што Кремљ може да признае“, додава министерот.

Климкин исто така раскажува за „хибридната војна“, чиј инструмент наводно е и телевизијата RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња