На Самојлова ѝ нудат пренос во живо од нејзиниот настап во Москва

Европската радиодифузна унија (EBU) ѝ предлага на руската телевизија „Прв канал“ да организира пренос во живо од настапот на учесничката од Русија Јулија Самојлова.

„Имајќи го предвид фактот дека украинските власти можат да ја остават во сила забраната, а исто така стремејќи се да го задржиме аполитичниот карактер на „Евровизија“, EBU работеше напорно за изнаоѓање на решение и презеде чекор без преседан, нудејќи му на „Прв канал“ да ѝ даде на Јулија шанса да остане учесник во натпреварувањето и да ја исполни во директен пренос својата песна“, се вели во официјалното соопштение.

Се истакнува дека првпат во 60-годишната историја на натпреварувањето на еден учесник му се нуди можност да не настапи во живо, туку да се емитува во директен пренос неговиот настап.

На 22 март беше објавено дека Службата за безбедност на Украина ѝ забрани на Јулија Самојлова влез на украинска територија во рок од три години. Украинските организатори на „Евровизија“ ветија дека ќе ја исполнат соодветната одлука на СБУ, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња