Кремљ:обвинувањата за „руски прсти“ во убиството на Вороненков се апсурдни

Портпаролот на Кремљ РФ Дмитриј Песков ги отфрли обвинувањата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека зад убиството на поранешниот руски пратеник Денис Вороненков стојат руските специјални служби.

Москва ги смета изјавите за „руски прсти“ во убиството на поранешниот пратеник на Државната дума на РФ Денис Вороненков за апсурдни и се надева дека сите вмешани во убиството ќе бидат пронајдени, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Сметаме дека сите измислици кои веќе се слушаат за ноторните руски прсти трага се апсурдни“, изјави Песков, пренесува ТАСС.

Како што изјави тој,  инцидентот говори за тоа дека украинската страна не успеала да ја осигура безбедноста на Вороненков. „Се надеваме дека убиецот и тие што стојат зад таквата постапка ќе бидат пронајдени“, рече Песков.

Тој истакна дека претседателот на РФ е информиран за злосторството, кое Москва го нарекува трагедија. „Убиство на човек е секогаш трагедија“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ наведе дека за сопругата на Вороненков, поранешната пратеничка во Државната Дума Марија Максакова, нема пречки за враќање во РФ и за тоа нема потреба таа специјално да се обраќа до руската страна“. „Никој не ѝ забранил влез, таа не мора никому да се обраќа“, рече Песков.

Претходно претседателот на Украина Петро Порошенко ја обвини Русија за убиството на Вороненков.

„Очигледен е ракописот на руските специјални служби кој порано повеќе пати беше откриван во различни европски градови“, изјави Порошенко.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња