Путин: Русија е подготвена да работи со Украина како со транзитер

Русија е подготвена да ја продолжи соработката со Украина како транзитер, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Путин исто така додаде дека гасоводот „Северен тек 2“ е природен проект имајќи го предвид порастот на потрошувачката на гас во Европа и намалувањето на производството, пренесува „Взгљад“.

„Овој проект не е насочен против никого од нашите партнери, вклучително и украинските партнери“, изјави Путин во текот на средбата со претседателот на управата на концернот BASF Курт Бок, истакнувајќи дека во однос на Русија таа е подготвена да соработува со сите партнери, поаѓајќи од тоа дека ќе се нудат сигурни и „економски поволни пазарни услови за заедничка работа“, изјави рускиот претседател.

На почетокот на февруари Путин изјави дека постои можност транзитот на гас преку Украина да остане и по 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња