„Форбс“: Зошто „Северен тек 2“ ја плаши Украина

„Форбс“ објаснува какви последици ќе има изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ врз Украина.

Перспективите за изградба на гасоводот „Северен тек 2“ предизвикуваат страв во Украина дека таа повеќе нема да биде во можност да добива пари за транзит на рускиот гас за Европа, пишува колумнистот на „Форбс“ Кенет Рапоза.

Приходите од транзитот на гас во Европа, според властите, изнесуваат околу 10% од буџетот на Украина. Исчезнувањето на овој извор на приход за украинската економија ќе биде голем проблем, се вели во статијата.

Заканата станува сѐ повеќе и повеќе очигледна, затоа што „Гаспром“ инсистира на изградба на „Северен тек 2“ паралелно со постојниот „Северен тек“, и покрај противењето на Полска. „Доколку се изгради гасоводот, на Русија повеќе нема да ѝ треба нашиот гасовод“, го цитира авторот првиот човек на украинскиот „Нафтогас“Андреј Коболев.

Европските земји, се чини, го омекнуваат ставот за новиот гасовод под притисок на своите нафтени компании, тврди Рапоза. На пример, компаниите BASF и „Шел“ сметаат дека гасоводот е неопходен да се обезбеди Северна Европа со руски гас. Во Јужна Европа слична улога ќе игра „Турски тек“. На тој начин, бројот на цевководи ќе се зголеми двојно, што не ѝ остава на Украина надеж дека ќе ја задржи улогата на транзитер на гас.

Покрај тоа, по стапувањето на должност на претседателот на САД Доналд Трамп е малку веројатно дека Вашингтон сериозно ќе се загрижи за влијанието на „Северен тек 2“ врз економијата на Украина, истакнува авторот, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња