Украина воведе санкции против европските пратеници кои го посетија Крим

На парламентарците им е забрането да ја посетат Украина следниве пет години.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) донесе одлука да воведе санкции против четворица европски пратеници кои на 19 март пристигнаа во тридневна посета на Крим.

Ова го соопшти портпаролот на Службата за безбедност на Украина Елена Гитљанскаја, пренесува ТАСС.

„На територијата на АР Крим незаконски се наоѓаат четворица државјани на Србија и еден државјанин на Чешка. СБУ донесе одлука да им забрани влез во Украина во рок од пет години“, се вели во соопштението на нејзината страница на „Фејсбук“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња