Кримски власти: Заканите на Украина кон европските пратеници се без логика

Властите на Крим сметаат дека заканите на Киев за воведување санкции против пратеници од светот кои го посетиле полуостровот немаат логика, а парламентарците кои се во посета на Крим не се плашат од можните санкции.

Заканите на украинските власти дека ќе воведат санкции за посета на Крим ќе доведат до тоа што наскоро во Украина нема да може да влезе ниту еден странец, изјави за РИА „Новости“ вицепремиерот на кримската влада Георгиј Мурадов.

„Кај нив наскоро пратениците од парламентите на сите земји и воопшти сите странски државјани нема да можат да влезат во Украина. Очигледно, тоа е она што сакаат да го постигнат. А гостите кај нас доаѓаат само за со свои очи да видат колку мирно и среќно живее современ Крим“, изјави Мурадов.

Според него, украинските власти, од една страна, бараат на полуостровот да доаѓаат меѓународни набљудувачи, а од друга, се закануваат со санкции.

„Во постапките на Киев не гледам никаква логика“, потенцира вицепремиерот.

Во неделата во Крим во тридневна посета пристигна делегација од земји од Европа, Азија и Латинска Америка. Во нејзиниот состав има и неколку украински политичари.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов изјави дека против нив можат да бидат воведени санкции или поднесени кривични пријави.

Европските парламентарци, пак, не се плашат од можни санкции од страна на Киев и не планираат да одат во Украина.

Како што изјави за ТАСС чешкиот пратеник Јарослав Голик, „таквата реакција на Киев беше очекувана. „Веќе сум подготвен да станам персона нон грата во Украина, го очекувам тоа“, изјави тој со насмевка.

Притоа политичарот истакна дека успеал да поразговара со луѓето на улиците на Јалта. „Ги прашував луѓето како се чувствуваат по референдумот во 2014 година, одговорот беше ист – „многу подобро ни е и посреќни сме“, изјави Голик.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња