Украина ќе ѝ забрани влез на руската претставничка на „Песна на Евровизија“

Службата за безбедност на Украина (СБУ) подготви документ за забрана за влез на територијата на земјата на учесничката на „Песна на Евровизија“ од Русија Јулија Самојлова, соопшти шефот на СБУ Василиј Грицак.

Грицак истакна дека „документот за забрана за влез е подготвен“, а законот „треба да биде ист за сите“, соопштува „112 Украина“.

„Таа не само што го посети Крим, таа остави траги на социјалните мрежи, каде имаше изјави за Украина, власта и курсот за евроатлантска интеграција. Сметам дека таа не треба да дојде во Украина“, потенцираше Грицак.

На 12 март беше соопштено дека Јулија Самојлова ќе ја претставува Русија на музичкото натпреварување „Евровизија 2017“ во Киев со песната „Пламен гори“ (Flame is burning), пренесува RT.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.