Медиум: на „авторитарниот“ Балкан му се смачи од Брисел

И покрај фактот дека балканските земја формално се подготвуваат за членство во ЕУ, регионот е управуван од „авторитарни политичари и корумпирани групи“, пишува „Шпигел“. Според експертите, политичките елити на Балканот не го „сметаат Брисел сериозно", што се манифестира, на пример, преку „демонстративното пријателство“ меѓу српскиот премиер и Владимир Путин.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ го сметаат за „силен поддржувач на ЕУ и нејзините вредности“, пишува „Шпигел“. Вучиќ периодично пофално зборува за германската канцеларка Ангела Меркел поради нејзините „хуманистички демократски ставови“. Вучиќ, исто така, често истапува во улога на “миротворец“ во регионот на Западен Балкан.

Сепак, во исто време, српскиот премиер „демонстративно го покажува неговото пријателство со претседателот на Русија“. Вучиќ неодамна склучи договор за добивање на руски авиони. Тој, исто така, редовно реализира српско-руски воени вежби во близина на границата со „омразениот сосед“ Хрватска.

Честите изјави на Вучиќ против опозициските политичари, поинаку мислечките луѓе и независните медиуми содржат „скриени, но сериозни закани", пишува „Шпигел“. „Вучиќ, кој раководи со постјугословенска Србија со целосна власт како и Слободан Милошевиќ пред него, е пример на еден авторитарен, популистички, националистички државен лидер во регионот кој сѐ повеќе се оддалечува од демократијата и правната држава“, истакнува магазинот.

Формално, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија се кандидати за членство во ЕУ. Меѓутоа, во речиси секоја земја од регионот владеат „авторитарни политичари и корумпирани групи“, се вели во статијата. „2016 беше година на кулминација за Западниот Балкан“, истакнува политичкиот аналитичар Ведран Џихиќ. „Процесот на демократизација во регионот во целина е под знак прашалник. Локалните политички елити веќе не гледаат на ЕУ сериозно и играат двојна игра со Брисел. За Западен Балкан повеќе нема директен пат кон ЕУ, во моментов има многу сценарија“.

Како резултат на „заморот од проширувањето“во моментов ЕУ се придржува до слоганот „реална политика наместо правна држава“. Европската унија има потреба од повеќето „силни политичари“ на Балканот како политички партнери и гаранти на стабилноста. Сепак, според политикологот од Белград Елена Милиќ, политиката на ЕУ и Западот на Балканот претставува „опасен тренд“, заклучува „Шпигел“, пренесува ИноТВ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња