Москва не го дава Крим во замена за укинување на санкциите

Русија нема да го даде Крим во замена за укинување на санкциите, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Москва не ја разгледува можноста за склучување договор со Вашингтон за Крим во замена за укинување на санкциите, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Не, за тоа не може да стане ниту збор“, изјави портпаролот на Кремљ, одговарајќи на соодветното прашање на новинарите.

Одржување на повторен референдум исто така е исклучено, додаде Песков, пренесува „Лента.ру“.

Претходно во четвртокот лидерот на Република Крим Сергеј Аксјонов во текот на свечениот собир во Симферопол, посветен на третата годишнина на Кримската пролет објави дека моделот на униполарен свет се сруши по враќањето на Крим во состав на Русија.

Покрај тоа, тој истакна дека она што се случи пролетта 2014 година беше врз основа на волјата на народот, кој е единствен извор на секоја власт.

Во текот на изборната кампања во ноември минатата година претседателот на САД Доналд Трамп изјави за подготвеноста во случај на негова победа да ги разгледа прашањата за признавање на Крим како дел од Русија и за укинување на антируските санкции.  

 

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.