Испораките на пченица од Русија во Турција запрени поради царините

Турција од средата го запре издавањето на дозволи за бесцаринска набавка на пченица, пченка и сончогледова храна од Русија и други земји, поради што испораките на руски производи речиси запреа, изјави генералниот директор на Институтот за конјунктура на аграрниот пазар Дмитриј Рилко.

Царината за руската пченица сега изнесува 130%. Според Рилко, овој износ на царината во суштина претставува забрана и испорака „не може да има“, пренесува „Взгљад“.

Трговците објавија дека набавките всушност се запрени, што може негативно да се одрази на рускиот извоз – дотолку повеќе што за јули 2016-февруари 2017 година Турција увезе околу 2 милиони тони руска пченица, со што стана втор купувач по Египет.

На крајот на септември беше соопштено дека Турција стана лидер по набавка на пченица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња