Песков за односот на Путин спрема идејата за оживување на монархијата

Песков ги коментираше повиците на некои руски политичари за враќање на монархијата во Русија.

Претседателот на Русија Владимир Путин без оптимизам гледа на идејата за заживување на монархијата и проширување на своите овластувања, изјави неговиот портпаролот Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.

„Последниве пет години него многупати го прашуваа, и тој во еден или друг контекст беше принуден да одговара на такви прашаа. Тој сосема студено се однесува спрема таквите дискусии“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали претседателот ја дели идејата за заживување на монархијата во Русија и за проширување на неговите овластувања па сѐ до воспоставување на диктатура.

Портпаролот на Кремљ одби да даде оцена за изјавите на првиот човек на Крим Сергеј Аксјонов за потребата од нова форма на владеење во Русија. „Претпоставувам дека кажаното е лично мислење на Аксјонов. Веројатно, тој сака да го изразува“, истакна тој.

Портпаролот на рускиот претседател исто така потенцираше дека не може да има монархија на ниво на региони.

Претходно во средата претседателот на Државната Дума Вјачеслав Володин ги нарече дискусиите за обновување на монархијата за залудни.

Еден ден претходно, на 14 март, Аксјонов сугерираше дека во Русија треба да се врати монархијата. Според него, од демократијата „во форма на седозволеност“ нема полза.

На 22 февруари лидерот на ЛДПР Владимир Жириновски изјави дека треба да се прифати обраќање кон претседателот со „Ваше височество". Две години претходно, на средба со Владимир Путин политичарот предложи  преименување на шефот на државата во император или врховен старател.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња