Меркел ќе ја посети Русија

Канцеларката на Германија Ангела Меркел ќе ја посети Русија, соопшти Кремљ.

Датумот на посетата на канцеларката на Германија Ангела Меркел на Русија е договорен, изјави помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков.

Притоа тој не сакаше да го конкретизира точниот ден на посетата, пренесува РИА „Новости“.

Претходно портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека лидерите ќе дискутираат за украинското прашање.

Минатата недела Владимир Путин во текот на средбата со шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел изјави дека ја очекува Меркел во посета на Русија. Исто така, Путин истакна дека заедничката задача на Москва и Берлин е целосна нормализација на билатералните односи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња