Путин ја покани Меркел да ја посети Русија

Општата цел на Русија и Германија е целосно нормализирање на односите, истакна рускиот претседател Владимир Путин на средбата со германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

„Ние разбираме во каква состојба се нашите односи. Колку што знам, нашата  заедничка задача се состои во тоа нашите односи во целост да се нормализираат, а сите тешкотии со кои се соочуваме, да бидат решени“, изјави Путин, пренесува ТАСС.

Шефот на руската држава истакна дека руските власти се во постојан близок контакт со раководството на Германија и додаде дека очекува да се разговара на денешната средба за прашања за обновување на односите „и на билатерална основа, и во однос на задачите кои може да се решат единствено заеднички“.

Од своја страна, Габриел истакна дека двете држави „ги имаат сите причини за да  се потпрат и да веруваат во стабилноста на нашите билатерални односи“. Германскиот министер за надворешни работи го информираше Путин дека разговорал за време на состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на различни теми. „"Мислам дека сте сосема во право дека и покрај  сите тешкотии со кои се соочуваме, пред нас сепак стои задачата да се грижиме за мирот и стабилноста во Европа. Тоа не е лесно, но вреди да се преземат тие напори“, истакна Габриел.

Москва очекува посета од германската канцеларка Ангела Меркел, изјави Путин. „Со нетрпение очекуваме посета од сојузниот канцелар, Ве молам да ѝ пренесете поздрав“, му се обрати Путин на Зигмар Габриел.

Путин исто така забележа дека Русија со задоволство сака да го види претседателот на Германија, особено со оглед на „добрите односи кои се воспоставија додека тој беше министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња