Медиум: Во Москва бил спречен терористички напад планиран за 8 март

Државјанин на Таџикистан планирал да се самоубие со експлозив во текот на празнувањата на 8 март во Москва, пишува „Известија“.

Специјалните служби спречиле терористички напад кој требало да се случи во Москва во текот на празничните маршеви на 8 март, соопштува „Известија“ повикувајќи се на извори во една од безбедносните структури,

Според информациите на весникот, на почетокот на март на еден од московските аеродроми бил приведен државјанинот на Таџикистан Изатило М., кој пристигнал од Истанбул. Откако тој сфатил дека ќе биде депортиран во татковината, каде му се заканува доживотен затвор, тој се обидел да го скрши својот телефон, а потоа со ножици се обидел да си го пресече грлото.

Припадниците на специјалните служби го пренеле во болница. Подоцна се покажало дека мажот учествувал во борбени дејствија во Сирија.

„Во текот на истражните дејствија граѓанинот на Таџикистан призна дека пристигнал во Москва за да изврши терористички напад – неуспешниот самоубиец имал намера да се крене во воздух во текот на празнувањата на 8 март“, пишува „Известија“.

Во моментов припадниците на безбедносните служби го утврдуваат идентитетот на соучесниците на терористот. Како што соопштува изданието, експлозивот и другите компонентите за самоделна експлозивна направа требало да му бидат дадени во Москва.

По добивањето на сите неопходни информации припадниците на руските специјални служби го предале Изатило М. на своите таџикистански колеги, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња