Путин ја одликува со орден Наина Елцина

Претседателот на Русија Владимир Путин ја одликува со орденот „Света великомаченичка Екатерина“ вдовицата на првиот руски претседател Наина Елцина, која во вторник го слави својот 85 роденден, соопшти Кремљ.

Во соопштението на сајтот на Кремљ се вели дека Елцина е одликувана за „големиот придонес во реализацијата на општествено значајни хуманитарни програми и активно учество во добротворна дејност“.

Орденот „Света великомаченичка Екатерина“ на Руската империја го воведе Петар I во 1713 година во чест на достојното поведение на неговата сопруга Екатерина Алексеевна за време на неуспешниот за него Прутски поход во 1711 година.

Со указ на претседателот на Русија Дмитриј Медведев од 3 мај 2012 година беше воведен сличен со историскиот нов орден „Орден на Светата великомаченичка Екатерина“. Тој им се доделува на државјани на Русија и странци познати по својата духовно-морална позиција и милосрдие за истакнат придонес во миротворната, хуманитарната и добротворната дејност, како и за зачувување на културното наследство, пренесува „Взгљад“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.