Путин го отвори претседателскиот центар „Борис Елцин“

Отворен Музејот на Елцин во Екатеринбург

Отворен Музејот на Елцин во Екатеринбург

Татјана Андреева
Рускиот народ веќе надмина многу тешкотии и Русија само ќе зајакнува со грижата, трудот и неговата преданост на својата Татковина, изјави претседателот на РФ Владимир Путин при отворањето на претседателскиот центар „Борис Елцин“.

Русија ќе зајакнува и ќе се развива благодарение на трудот и талентот на нејзиниот народ, преданоста на народот кон Татковината, изјави во средата претседателот на РФ Владимир Путин при отворањето на претседателскиот центар на Борис Елцин (Елцин Центар) во Екатеринбург.

Основната задача на центарот е зачувување, проучување и толкување на историското наследство на Борис Елцин во контекст на политичките и општествените настани во 90-те години на XX век. Центарот е замислен како општествено-политичка организација која ќе придонесува за изградба на правна држава, проучување и развој на институцијата претседател во Русија.  

„Борис Николаевич сакаше нашата земја да биде силна, просперитетна, среќна. Ние веќе многу нешта направивме за постигнување на тие цели, надминавме многу тешкотии и задолжително ќе ги решиме задачите што стојат пред нас. Русија ќе зајакнува, ќе се развива, со грижливоста и трудот, со талентот на нашиот народ, неговата преданост кон Татковината“, изјави Путин на отворањето на „Елцин центарот“, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња