Најновите митралези РПК-16 во сериско производство во 2018 година

Лесниот рачен митралез РПК-16 со калибар 5,45 мм е создаден врз основа на искуството од современите вооружени конфликти.

Концернот „Калашников“ (дел од државната корпорација „Ростех“) планира да почне со сериско производство на најновите лесни митралези РПК-16 наредната година. Ова во интервју за ТАСС го соопшти генералниот директор на концернот Алексеј Криворучко.

„Годинава веќе добивме официјално барање од Министерството за одбрана на РФ, во најскоро време ќе биде склучен договор и првата партија за пробна употреба треба да му ја испорачаме на нарачателот. Мислам дека сериското производство ќе почне следната година по завршувањето на експериментално-воената експлоатација“, изјави Криворучко.

Лесниот рачен митралез на „Калашников“ РПК-16 5,45 мм е создаден врз основа на искуството од современите вооружени конфликти. Премиерата се одржа на изложбата на оружје „Армија 2016“.

Дизајнот на митралезот дава можност за замена на цевката за употреба на производот како рачен митралез (долга цевка), како и за јуришна пушка (кратка цевка). Специјално е дизајниран нов шаржер со зголемен капацитет - 96 куршуми, кој може да се користи и за митралезите „Калашников“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.