ДНР почна да испорачува јаглен во Русија

Лидерот на самопрогласената Донецка Народна Република Александар Захарченко изјави дека процесот на префрлање на рускиот пазар ќе трае околу три месеци.

Самопрогласената Донецка Народна Република почна да испорачува јаглен в Русија, изјави претседателот на ДНР Александар Захарченко.

„Да се потсетиме каде овој јаглен порано во историјата одеше? Одеше во Русија. Да, тоа е сложен процес. Ќе трае три месеци. Денес заминаа првите 95 вагони. Тоа е пробна партија“, истакна тој, пренесува РИА „Новости”.

Захарченко додаде дека постојат извесни потешкотии со документите и пласманот на робата, но дека овие проблеми се решаваат.

Во јануари украинските десничари го блокираа товарниот железнички сообраќај меѓу Украина и териториите кои не се под контрола на Киев. Блокадата доведе до дефицит на јаглен во Украина, по што властите на оваа земја објавија вонредна состојба во енергетиката.

Како одговор на блокадата властите на ДНР и ЛНР во претпријатијата под украинска јурисдикција воведоа надворешно управување. Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Киев нема да врши трговија со таквите заводи и организации.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња