„Стандард“:Москва ја измисли „Голема Албанија“ за да ѝ додаде проблем на ЕУ

Националистите во Македонија ги обвинуваат локалните албански партии за обид за создавање „Голема Албанија“ на територијата на земјата. Како што тврди австриското издание „Дер Стандард“, тоа расположение го подгрева и Министерството за надворешни работи на Русија. Москва елементарно ја користи кризата во Македонија за да ѝ создаде на ЕУ нови проблеми, убеден е потпретседателот на албанската партија БЕСА Зекирија Ибрахими.

Во последно време „македонските националисти“ почнаа да тврдат дека албанските партии во Македонија „намислиле да создадат Голема Албанија“, пишува „Дер Стандард“. „Тоа расположение го подгрева и Министерството за надворешни работи на Русија“, потенцира австриското издание.

Впрочем, требаше само да се прашаат албанските политичари во Македонија, како што се разјасни, дека работите стојат сосем поинаку, продолжува „Дер Стандард“. „Ниту потпретседателот на албанската партија БЕСА Зекирија Ибрахими, ниту лидерот на албанската партија „Демократска унија за интеграција“ Али Ахмети воопшто не се заинтересирани за создавање Голема Албанија“.

„Никој не поддржува создавање Голема Албанија“, изјави Ибрахими. „А токму претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов на власт го донесе Москва“.

Потпретседателот на БЕСА е убеден дека Русија ќе ја искористи кризата во Македонија за да ѝ создаде нови проблеми на Европската унија. „Слаба Европа значи силна Русија“, констатира политичарот. Според него, најмногу од сѐ Албанците се плашат дека пораст на тензиите во земјата ќе доведе до меѓуетнички конфликт. „Албанците овде си седат мирно. Една искра, меѓутоа, е доволна за ситуацијата да се вжешти“, предупредува Ибрахими.

Лидерот на партијата „Демократска унија за интеграција“ го објаснува стремежот на Москва да ја „дестабилизира“ Македонија мошне едноставно, истакнува австриското издание. „Русија е незадоволна од нашата решителност да станеме дел од Европската унија“, потенцира Али Ахмети, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња