МНР РФ: Мешањето однадвор во внатрешните работи на РМ зема сѐ поголем замав

Министерството за надворешни работи на Русија,

Министерството за надворешни работи на Русија,

PhotoXPress
Одделот за информација и печат на Министерството за надворешни работи на Русија денеска објави нов коментар по повод ситуацијата во Република Македонија.

Министерството за надворешни работи на Русија денеска се јави со нов коментар за ситуацијата во Република Македонија. Коментарот го пренесуваме во целост:

„Мешањето однадвор во внатрешните работи во Република Македонија зема сѐ поголем замав. На 11 декември 2016 година граѓаните на земјата на вонредните парламентарни избори гласаа за владејачката партија која го доби мнозинството гласови. Опозицијата која добива нескриена поддршка од ЕУ и САД, и покрај сите манипулации, претрпе пораз.

Меѓутоа еврокомесарот Јоханес Хан, високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други високи претставници на т.н „просветена Европа“ која толку многу се грижи за демократските норми, продолжуваат бескрупулозно да вршат притисок без преседан врз претседателот на Македонија Ѓ. Иванов, бараат да им го даде премиерскиот мандат на опозиционерите кои се согласија со ултимативната „албанска платформа“. Битно е да се знае дека овие формулирани во Тирана мерки, кои подразбираат федерализација на Македонија, редифинирање на архитектурата на власта па дури и на државните симболи, фактички водат кон поткопување на уставните темели, а како конечен резултат - и кон дезинтеграција на земјата.

На ваквото однесување на европските чиновници му се приклучи и „шефот“ на самопрогласеното Косово Х. Тачи, кој недвосмислено ги повика македонските Албанци да „ги земат своите права во свои раце“ - во контекстот на проектот за „Голема Албанија“, која претендира на големи делови на неколку балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија. Ова е уште еден доказ за тоа дека вештачката квазидржавна косовска творба претставува еден од најголемите извори на нестабилноста, главен носител на конфликтниот потенцијал на Балканот.

Македонските граѓани треба самите, без мешање однадвор, да решаваат за својата судбина“, се вели во денешниот коментар на МНР РФ.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња