ЕУ ги продолжи санкциите против граѓани на Русија

Мерките на ограничување, кои вклучуваат замрзнување на средства и забрана за влез во земјите на унијата, се продолжени за шест месеци – до 15 септември.

Европската унија во понеделникот, 13 март, ја продолжи важноста на санкциите воведени против Русија и Украина, се соопштува на сајтот на Советот на ЕУ.

Се истакнува дека соодветната одлука, која ќе стапи во сила на 14 март по објавувањето во „Службениот весник на ЕУ“, е донесена поради „дејствија кои ги поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.

Црниот список е ревидиран – од него се исклучени две лица поради нивна смрт. Станува збор за еден од лидерите на бунтовниците во Донбас – Арсениј Павлов – Моторола, како и за Генадиј Ципкалов, кој своевремено беше премиер на самопрогласената Луганска народна република.

Во моментов на списокот има 150 физички лица (некои руски политичари, воени функционери, бизнисмени и претставници на ДНР и ЛНР), како и 37 организации. Санкциите првпат беа воведени против нив во март 2014 година.

Покрај овој пакет рестриктивни мерки, исто така важат и санкциите против финансискиот, енергетскиот и одбранбено-индустрискиот сектор на руската економија (од 31 јули 2017). Брисел исто така воведе и мерки на ограничување против Крим, кои се со важност до 23 јуни 2017 година, пишува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња