Русија нема да иницира укинување на американските санкции

Русија нема да го иницира прашањето за омекнување на американските санкции, изјави портпаролот на Кремљ во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен.

„Русија никогаш нема да го покрене ова прашање. Тоа е прерогатив на САД“, изјави тој.

Песков потсети дека такви изјави повеќе пати има дадено претседателот на Русија Владимир Путин. „Ние нема да бидеме првите“, истакна портпаролот на шефот на руската држава.

Портпаролот на Кремљ исто така изјави дека Москва „засега ја нема потребната претстава за перспективите на нашите билатерални односи. „Несомнено, ние сметаме дека нашите контакти ќе бидат почести и подлабоки“, изјави тој, додавајќи дека „неопходен е разговор за да се разбереме едни со други“, пренесува „Лента.ру“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.