Песков откри детали од разговорот меѓу Путин и Трамп

Портпаролот на Кремљ истакна дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп бил „многу ветувачки“.

Без оглед на изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп за подготвеноста да го извади дијалогот со Русија од ќорсокак, руската страна засега нема идеја кога може да почне таквата соработка. Вакво мислење искажа портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, коментирајќи го исходот од телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД на крајот на јануари оваа година.

Според Песков, претседателот на САД не го криел своето несогласување со многу аспекти на политиката на Русија, но е „доволно прагматичен, за да ја признае неопходноста од дијалог“ и споредба на ставовите на двете земји.

„Ние имаме ќорсокак во односите, тој (Трамп) вели дека има прашања за кои не можеме да постигнеме согласност, за кои никогаш не можеме да се договориме со вас, Русите. Во исто време тој вели дека треба да се сретнеме и да го почнеме нашиот дијалог“, изјави Песков.

„За жал, ние немаме појасна претстава кога тој дијалог може да почне“, додаде тој.

Притоа Песков истакна дека телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери бил „многу ветувачки“, пренесува ТАСС.

 


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња