Медиуми: Таен оддел на ФБИ ќе го истражува „влијанието на РФ“ врз изборите

Си-Ен-Ен соопштува дека супер-тајна единица на ФБИ ќе се занимава со истрага за „руската вмешаност“ во американските претседателски избори.

Супер-тајна единица на ФБИ ќе ги истражува фактите за „руската вмешаност“ во претседателските избори во САД во 2016 година, соопштува Си-Ен-Ен повикувајќи се на американски официјални лица. Од тој оддел работата беше опишана како „стандардна истрага на контраразузнавањето“.

Во сферата на одговорност на единицата спаѓа „заштита на тајните на разузнавачката заедница на САД и технологиите на државните и приватните институции, чување на оружје за масовно уништување од непријателите на САД и спротивставување на активностите на странските шпиони, вклучително и во сајбер-просторот“.

Според телевизијата, на истрагата ќе работат 15 до 20 припадници на специјалните служби. Тоа е за 5-10 лица помалку отколку што беа вклучени во случајот со електронската пошта на државниот секретар на САД Хилари Клинтон. Помалиот број на агенти „не треба да се толкува како недостаток на интерес“ на властите како резултат на тоа, истакнува за телевизијата анонимен извор.

Во случајот со истрага за „руската вмешаност“ ФБИ „повеќе е фокусирано на разговори со живи извори на информации“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња