ЦИА им покажа на сенаторите на САД четири папки со „докази“ против Русија

Двајца американски сенатори имаа можност да се запознаат со необработените разузнавачки податоци кои наводно ги потврдуваат обидите на Москва да влијае на изборите во САД, пишуваат медиумите.

ЦИА им овозможи на американски сенатори да се запознаат со необработени разузнавачки податоци во случајот со наводната хакерска вмешаност на Русија во изборите во САД, пишуваат медиумите.

Во понеделникот претседателот на специјалниот комитет на Сенатот на Конгресот на САД за разузнавање Ричард Бур и сенаторот Џон Корнин го посетија седиштето на ЦИА во Ленгли, каде имаа можност да се запознаат со необработените разузнавачки податоци со кои наводно се потврдуваат обидите на Москва да влијае на изборите во САД во прилог на победата на Доналд Трамп, пишува „Политико“, пренесува „Взгљад”.

Корнин изјави дека им дале „четири големи папки со доверливи информации“ кои не можат да се објават.

Така САД и понатаму со ништо ги немаат поткрепено тврдењата за „вмешаноста“ на Русија во американските претседателски избори.

Расправата за активностите на „руските хакери“ наскоро ќе започне во двата дома на парламентот на САД – во специјалниот комитет на Претставничкиот дом на 20 март ќе се одржи отворена седница, а во Сенатот „во текот на наредните денови и недели“ седницата ќе биде зад затворени врати.

„Викиликс“ тврди дека американските специјални служби можат самите да организираат сајбер-напади под параванот на „руските хакери“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња