Земан се нарече себеси за агент на Путин

Освен за агент на Путин, претседателот на Чешка се нарече себеси и агент на Кина, Израел и новата американска администрација.

Претседателот на Чешка Милош Земан се нарече себеси за агент на Русија, Кина, Израел и на новата американската администрација. Неговата изјава беше шеговит одговор на прашањето за неговата проруска позиција, соопштува „Чешке Новини“.

„Знаете, јас сум руски агент, особено на Владимир Владимирович Путин. Треба да додадам и дека сум агент и на кинескиот претседател, и дури и на новиот американски претседател. Јас сум агент на Израел, кого секогаш го поддржувам“, иронизираше Земан.

„Всушност, јас сум агент на само една земја, јас сум агент на Чешката Република“, сериозно додаде тој.

Милош Земан во четвртокот соопшти дека има намера повторно да се кандидира за шеф на чешката држава на следните претседателски избори кои ќе се одржат во 2018 година, пренесува „Лента.ру“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.