Хашим Тачи:опасност за Балканот се руските МиГ-ови и руските бази во Србија

Лидерот на Косово Хашим Тачи изјави дека на Балканот му се заканува опасност од руските воени бази во Србија.

Лидерот на Косово Хашим Тачи во интервју за албанската редакција на „Слободна Европа“ изјави дека опасност за Балканот не претставува формирањето армија на Косово, туку руските МиГ-ови и воените бази.

„Силите за безбедност на Косово не претставуваат опасност за Балканот, туку на Балканот му се заканува опасност од руските воени бази во Србија, од руските МиГ-ови и руските маневри во Србија“, тврди Тачи.

Тој исто така не обрнува внимание и на критиката од амбасадата на САД во Приштина и загриженоста на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по повод формирањето косовска армија.

Северноатлантската алијанса е загрижена од намерите на Косово да формира армија, се вели во изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Јас разговарав со Хашим Тачи и (премиерот) Иса Мустафа за изразам сериозна загриженост на сојузниците во НАТО во однос на неодамнешните предлози на властите на Косово за трансформација на Силите за безбедност на Косово во Вооружени сили без уставни измени“, се истакнува во изјавата на Столтенберг.

Заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН на седницата на Советот за безбедност, посветена на косовското решение, исто така изјави дека Русија ги смета за недопустливи плановите за формирање Вооружени сили на Косово.

Руската Федерација нема ниту една воена база на територијата на Србија. Во јужниот дел на земјата е сместен Руско-српскиот хуманитарен центар, основан врз база на договорот меѓу владата на Русија и владата на Србија, пишува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња