Во Анталија средба на началниците на ГШ на Русија, Турција и САД

Началниците на Генералштабовите на ВС Русија, Турција и САД се среќаваат во Анталија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во трилатералните преговори учествуваат началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов, началникот на ГШ ВС Турција Хулуси Акар и шефот на Здружениот комитет на началници на штабовите на ВС САД Џозеф Данфорд.

„На настанот е планирано заедничко разгледување на безбедносните прашања во Сирија и Ирак“, се вели во соопштението на МО РФ, пренесува „Лента.ру“.

Претходно на 3 март Герасимов го одржа првиот во изминативе три години телефонски разговор со шефот на Воениот комитет на НАТО Петар Павел.

На 16 февруари Герасимов и Данфорд имаа билатерална средба во Баку.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња